33-годишен работник од Куманово тешко повреден при пад на метални профили

Сподели со своите пријатели

Вчера во 12,55 часот во ПС-Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„11-ти Ноември“ во ФЗЦ „11-ти Октомври“, при пад на метални профили од сајла за транспорт, со тешка телесна повреда во пределот на главата се здобил работникот М.С.(33) од Горно Којнаре-кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Поради сериозноста на повредите, веднаш бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и државен инспектор за заштита при работа од Куманово.