259 санкции за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи.

Loading...

Од нив, четири возилa се движелe со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 со брзина над 50 километри на час над дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Leave a Reply