24 угостители не ги почитувале владините уредби за работа

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четири угостителски објекти од нивното „рестартирање“ досега не ги почитувале уредби за работа, констатира Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што информираат од таму, во соработка со Државниот пазарен инспекторат биле извршени вкупно 2.184 контроли.

– Констатирано е дека 24 од нив не ги спроведуваат одлуките на Влада. Од вкупниот број контроли, 1573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник). Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителски објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.

Никола Ивановски

Leave a Reply