230 нови емоуџи за 2019 година (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Организацијата „Unicode Consortium“ составила листа на нови емоуџи за оваа година.

Loading...

Во 2019 година во системот ќе бидат вклучени нови 230 опции, од кои 175 претставуваат луѓе и тела. Од сега, тенот на кожата и полот и паровит еможат да се комбинираат произволно со 70 различни варијации.

„Unicode Consortium“ е непрофитна организација која е задолжена за стандардизација на овие знаци кои се достапни на Интернет, за да имаат исто значење ширум светот.

Одборот за донесување одлуки обично се сосои од големи технолошки компании. Значи, новиот орангутан, коцка мраз која се топи и бионичка рака не е исклучиво претставена од Ејпл или Гугл, туку е заедничка одлука.

Меѓутоа, секоја компанија на свој начин ги претставува иконите, обично со мали отстапувања.

Втората важна тема прикажува лица со инвалидитет. Од сега моторизирани и рачни колички изгледаат поинаку и достапни се во машка и женска верзија.

Емоџи со лица со оштетен вид и стап во рака, како и уши со слушен апарат исто така ќе бидат достапни и што е најважно, долгоочекуваното бело срце пристигнува со новите измени.

Leave a Reply