200.000 кинески вакцини пристигнуваат на 28ми април

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче денеска при посетата на пунктот за вакцинација во салата „Борис Трајковски“ истакна дека е потврден и точниот датум на пристигнување на кинеските вакцини во количина од 200.000 дози и истите се очекува да ги добиеме на 28ми април со што ќе се забрза динамиката на вакцинацијата и со истите ќе се опфати и поголема група на граѓани.

Loading...

– Следните вакцини на почеток на следната недела ги очекуваме од страна на компанијата Фајзер, според најавата на 19ти, 10.000 вакцини, на 26ти уште 10.000 и утрово потврдата од кинеската амбасада дека кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28ми април – изјави министерот.

Во текот на денот министерот за здравство д-р Венко Филипче ќе има средба со градоначалници и директори на градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово во која ќе се дискутира за проширување на масовната имунизација и спроведување на истата и во овие градови.

-Денеска во 14:30 имаме состанок со градоначалниците и директорите на Здравстените домови на 6те града каде планираме да организираме еден сличен ваков пристап, да разговараме за местата каде би можело тоа да се одвива, станува збор за градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово и секако со директорите на Здравствените домови да поразговараме за тоа како ќе се прераспредели календарот – изјави Филипче.

Никола Ивановски

Leave a Reply