20 загинати во две сообраќајки во Нигерија

Сподели со своите пријатели

Во две сообраќајни несреќи со камиони и автобуси во Нигерија загинаа 20 лица, соопштија властите.

Loading...

Во градот Лагос камион налета на автобус на прометно место и се преврте. Преживеала само една жена, додека девет патници, меѓу кои и две деца, загинале.

Друг камион се судри со автобус во близина на Лагос, при што загинаа сите 11 патници, а потоа изгореа во пожар.

Несреќите се чести во многу делови на Нигерија каде патиштата се лоши и сообраќајните закони обично не се почитуваат.

Уште полошо е во Лагос, каде камиони и други тешки возила возат низ целиот град, најголемиот во Нигерија.