20 нови полициски службеници ќе добие СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за вработување на нови 500 полициски службеници. 

Најголем дел од нив ќе бидат распоредени во Скопје, СВР Охрид ќе добие 30, додека Куманово, Битола, Струмица, Штип и Велес по 20 полцајци. Десет ќе добие СВР Тетово.

Избраните кандидати ќе имаат основна обука за полицаец во траење од една година, по што со МВР ќе склучат договор за вработување. Кандидатите ќе имаат статус полицаец – приправник и ќе бидат обврзани на работното место да останат најмалку пет години.

Кандидатите за полицајци треба да бидат државјани на Македонија, да се полнолетни, активно да го користат македонскиот јазик, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование и да се здравствено и психофизички способни.