20-годишник од Куманово ќе одговара за поседување 305 грама марихуана

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Д.П.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 10.09.2018 година околу 23,30 часот, на автопатот Скопје – Тетово, на наплатната рампа во село Желино, од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко моторно возило ,,Форд“ , управувано од пријавениот, пронајдени и одземени се 305 грама марихуана.

Leave a Reply