20-годишен кумановец приведен со оружје во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен кумановец вчера бил приведен во Скопје со ловечка пушка и 12 патрони.

Loading...

– На 30.11.2020 во 21.00 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода С.С.(20) од Куманово, затоа што при преглед кај него се пронајдени ловечка пушка и 12 патрони, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply