18-годишник тешко повреден во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Осуманесетгодишник од Крива Паланка вчера бил тешко повреден при судир на неговиот мобел и автобус управуван од бугарски државјанин.

Loading...

– На 17.07.2023 во 16.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на крстосница која го поврзува со ул.„Св.Јоаким Осоговски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од Д.С.(18) од Крива Паланка и автобус со бугарски национални ознаки, управуван од Н.А.К.(62) од Софија, Р. Бугарија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што појаснуваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гласаат болните, немоќните и затворениците во Куманово

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски