18-годишник од Крива Паланка тешко повреден во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер 21.10 часот на крстосницата од улица „Свети Јоаким Осоговски“ и мостот „Шанин мост“ на реката Крива Река во Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Х.С. (19) од село Конопница, кривопаланечко и патничко возило „Опел Астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (45) од селото Длабочица, кривопаланечко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ѓ. (18) од Крива Паланка-сопатник во возилото што го управувал Х.С.. Тој, по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Крива Паланка, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Leave a Reply