175 санкции за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден (07.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 175 возачи.

Loading...

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 87 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ДИК ги обработи скоро сите гласови: Гласале скоро половина од граѓаните!