17 казни за неносење маска изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 17 казни за неносње заштитна маска биле напишани изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14.06/15.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 23 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадение прекршочни налози, во Куманово има 17 и во Кратово 6.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се регистрирани лица кои не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply