166 литри пиво запланети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 166 литри пиво (363 шишиња од 0,5 и 0,33 литри) од различни марки биле откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Непријавеното пиво, пронајдено во три куфери, три ранци и во неколку пластични кеси и картонски кутии, сместени под предните и задните седишта и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Leave a Reply