166 казни за возачите во Куманово викендов

Сподели со своите пријатели

Викендов на подрачјето на Куманово биле изречени вкупно 166 санкции, а најголем дел од нив, или 120 биле за брзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 166 возачи, од кои 120 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 28 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирано возило, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 дена ќе биде исклучена сигнализацијата на пругата Куманово - Романовце

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски