16 литри дожд изминатото деноноќие во Куманово, а еве какво ќе биде времето денеска

Сподели со своите пријатели

16 литри воден талог на метар квадратен наврнале во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Куманово, покажуваат мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на денот во Куманово ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална температура од 14 степени.

Преку ноќта времето беше малку до умерено облачно, изутринава преовладува сончево време со мала облачност, а вдолж Поварадрието и во Малешевијата има значителна ниска облачност.

Сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот облачноста ќе се зголемува. По одделни котлини преку целиот ден ќе се задржи со значителна ниска облачност. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за локален дожд.

Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Leave a Reply