14 дена карантин за сите што ќе се вратат од Авганистан

Сподели со своите пријатели

Карантин во траење од 14 дена ќе се бара за сите што во меѓувреме ќе се вратат од Авганистан, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Како што појасни тој, оваа мерка ќе биде предложена до Владата и ќе се дискутира на утрешната седница.

– Се разговараше утринава за Авганистан и две работи излегоа како препорака. Прво да биде задолжителен 14-дневен карантин, тоа ќе го предложиме до Владата утре ќе се дискутира, и да се препорача вакцинација за сите што преку тој систем ќе влезат во земјата. Станува збор за мал број луѓе, но тоа ќе биде препораката, рече Филипче.

Никола Ивановски