13 пешаци вчера казнети во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 18 пешаци се казнети вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поради непочитување на сообраќајните прописи. Најмногу од казните биле изречени во Куманово.

Loading...

– На подрачјето на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден (10.02.2022) од 10.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 18 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи. Од нив 13 во Куманово, 4 во Крива Паланка и 1 во Кратово, информираат од кумановската полиција.

Оттаму додаваат дека продолжуваат засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период.

– Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски