109-годишна баба го даде најкраткиот совет за долг и среќен живот

Сподели со своите пријатели

Најстарата жителка на Шкотска, баба која има полни 109 години, одлично здравје и меморија, ја открива тајната на долговечноста.

Јадете секое утро топла овесна каша и избегнувајте ги мажите – вели таа.

Џеси Галан, која никогаш не се мажела, родена е во мала двособна викендица на фарма, каде живеела со своите пет сестри и браќа. Спиеле на сламени душеци, пишува „Дејли Мејл“.

Џеси за новинарите рекла дека тајната на нејзиниот долг живот е о избегнување на мажите.

Тие создаваат додатни проблеми кои не ви требаат и ви носат повеќе неволји отколку што вредат – вели Џеси

Таа додава дека тајната е и во тоа што многу се движела, секое утро јаде чинија топла овесна супа, но и никогаш не се омажила.

Секогаш многу работев и служев па ретко кога сум земала некој годишен одмор. Отидов од дома кога имав 13 години и работев какомлекарка. Секогаш имав среќа да работам со фини луѓе. Неверојатно е да се види како сега светот е многу поинаков од оној во кој јас пораснав.Водев грижа доста да вежба, секое утро да јадам топла овесна каша и никогаш да не најдам сопруг – вели оваа 109-годишна бабичка.

 

Loading...