10 златни совети на јапонскиот доктор кој живеел 105 години: Ова е ТАЈНАТА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Би можело да се каже дека тој е одговорен за долговечноста на Јапонците, бидејќи токму советите на овој јапонски лекар придонеле многу за неговата нација да живее среќно и квалитетно.

Loading...

Јапонскиот лекар Шигеаки Хинохара доживеал 105 години и им оставил наследство на Јапонците и на целиот свет со многу вредно лично знаење за неразбирливата тајна на долговечноста.

Овој долговечен лекар исто така помогнал да се воспостават медицински системи, благодарение на што Јапонците станаа еден од најдолговечните народи во светот.

 

 

Скоро до неговата смрт, тој работел во болница, лекувал пациенти и предавал на колеџи.

Прочитајте ги неговите 10 златни совети за постигнување долг, здрав и квалитетен живот:

Loading...

Енергијата доаѓа од чувството на добро, а не од здравата исхрана и многу сон.

„Сите се сеќаваме к0га, како деца, честопати заборававме да јадеме или да спиеме додека се забавувавме. Верувам дека тој став може да го одржиме и како возрасни – најдобро е да не го заморуваме телото со премногу правила, како што се ручек и спиење “, објаснува д-р Хинохара.

Пазете се од дебелината

Д-р Хинохара постојано потенцираше дека сто години доживуваат луѓе кои немаат прекумерна тежина, па затоа треба да обрнете внимание на вашата тежина и физичка состојба. Не треба да се оптеретуваме со храна и треба да внимаваме да не се прејадуваме. На пример, тој пиел кафе, чаша млеко и сок од портокал со лажичка маслиново масло за појадок. Тој сметал дека маслиновото масло е одлично за крвта и кожата. Јадел млеко и бисквити за ручек, а често прескокнувал ручек кога бил премногу зафатен. Јадел зеленчук, риба и ориз за вечера. Јадел говедско месо двапати неделно.

Планирајте однапред!

Д-р Хинохара секогаш имал испланиран распоред за годината однапред, па дури и планирал за во иднина. Значи, како што рече – тој навистина се радувал на Олимписките игри во Токио 2020. За жал, не ги доживеа, но неговиот став кон животот и плановите покажуваат колку бил оптимист, што е исто така многу важна точка за долговечноста.

Не мора да се пензионирате ако не сакате

„После 65-та година од животот, започнав да волонтирам. Јас учам и ги посетувам пациентите, дури и 18 часа на ден, и уживам во секоја минута од мојата работа “, рече Хинохара. Ако некое лице сака да работи – нека работи. Ако не сака, нека се повлече и нека се посвети на она што сака да го стори.

Loading...

Споделете знаење и вештини со другите

Д-р Хинохара држел околу 150 предавања годишно. Тој им предавал на сите – од деца на училиште до сериозни претприемачи и лекари. Тој секогаш стоел додека зборувал, а неговите предавања понекогаш траеле дури 90 минути. Тој велел дека стоењето го прави посилен.

Не верувајте во сè што ќе каже лекарот

Д-р Хинохара верувал дека лекарите не можат да ја лекуваат секоја болест и секој пациент. Тој им предложил на луѓето, кога лекарот ќе препише терапија или преглед, да го прашаат дали истото ќе им го препорача на своите роднини. Ако одговорот бил не, тогаш зошто би се изложиле на непотребен стрес и страдање? Тој верувал дека животните и музиката имаат големо влијание врз заздравувањето, многу поголемо отколку што мисли медицината.

Секогаш користете ги скалите и носете си сопствен багаж

За да останете здрави и витални, заборавете на лифтот. Секогаш и секаде одете по скалите и обидете се да го носите вашиот багаж со вас.

Д-р Хинохара одел по скалите цел живот и секогаш прескокнувал едно по едно. Скалите и одењето се секојдневна вежба за срцето и целото тело.

 

Loading...

 

Инспирирајте се секој ден, пронајдете инспирација

Прочитајте, пронајдете писатели во литературата што ве инспирираат. Така направи и д-р Хинохара. За него, најинспиративна била поемата на Роберт Браунинг – „Abt Vogler“. Не мора да се занимавате само со литература. Слушајте музика, уживајте во ликовната уметност, шетајте во природа

Болката е мистериозна

Најефективниот начин да се надмине болката е преку забава, рече д-р Хинохара. Кога детето ќе биде удрено, објасни тој, ќе плаче додека нешто друго не го окупира неговото внимание. Тогаш тој ќе ја заборави болката. Тоа е она што возрасните треба да го сторат. Болката треба да потоне во забава! Тој верувал дека треба да се носат кучиња за терапија и други животни во болниците, како и музика што ќе им помогне на пациентите да се справат со болката.

Loading...

Не трпајте материјални работи

„Не трошете го животот акумулирајќи материјални работи, бидејќи и онака нема да земете ништо со вас кога ќе умрете“ – едноставен беше д-р Хинохара.

 

Leave a Reply