10 мистерии на Бермудскиот триаголник што никој не може да ги објасни

Сподели со своите пријатели

За Бермудскиот триаголник со сè уште недоволно дефинираните граници во Атлантскиот океан со Порто Рико, Флорида и Бермуда со децении се врзуваат разни теории на заговори и заблуди.

Loading...

Океаните и морињата покриваат околу 70 проценти од површината на Земјата, со просечна длабочина од околу 3.700 метри, а според американската Национална служба за океани, најдлабоката точка е на 11.000 метри.

Теории на заговор или сепак не? 4 мрачни мистерии кои ги крие Антарктикот! (ВИДЕО)

Морињата содржат во просек 1.338 кубни километри вода, па не е ни чудо што бродовите и авионите лесно можат да исчезнат без да остават трага на спасувачките екипи.

 

 

Најмалку илјада животи се изгубени во последните 100 години. Во просек, четири авиони и дваесетина бродови исчезнуваат секоја година во областа, именувана по Винсент Гадис во напис од 1964 година.

Loading...

За исчезнувањето на авиони и бродови се „обвинети“напади од вонземски суштества и присуство на изгубената Атлантида на морското дно, како и метан гас.

Пет најголеми мистерии на човештвото кои и ден денес ја мачат науката

Многумина веруваат дека мистериозното исчезнување е производ на вртлогот што се јавува како резултат на мешање на топли и ладни морски струи во оваа област.

 

 

Првиот што напишал за Бермудскиот триаголник бил Кристофер Колумбо. Во својот дневник на 8 октомври 1492 година, тој напишал дека компасот на бродот престанал да работи на тоа подрачје, а три дена подоцна забележал огнена топка на небото.

Бермудскиот триаголник зафаќа површина од 1.140 квадратни километри во Северен Атлантик помеѓу Бермуда, Флорида и Порторико. Но, нема одредена граница и невообичаени настани се случуваат надвор од тие рамки.

Loading...

НАЈГОЛЕМИТЕ МИСТЕРИИ НА СВЕТОТ: Ова се откритија кои ја менуваат историјата (ФОТО)

Во рамките на Бермудскиот триаголник, односно на островот Андрос, американската влада формираше Центар за тестирање и проценка на подморскиот Атлантик, каде американската морнарица ги тестира своите подморници, сонар и оружје. Многу теоретичари на заговор веруваат дека ова е всушност наутичката област 51.

Во Бермудскиот триаголник луѓето ја почувствувале таканаречената електронска магла. Пилотот Брус Гернон тврди дека му биле потребни 28 минути за да пропатува низ областа. Авионот исчезнал од радарите и се појавил во Мајами околу половина час подоцна.

Едно од најпознатите исчезнувања на авиони во историјата на Бермудскиот триаголник се случило во 1945 година. Пет бомбардери „Авенџер“ на американската армија со 14 члена на екипажот полетале од Форт Лодердејл, Флорида, до островот Бимини.

90 минути по полетувањето, операторите добиле сигнал дека компасот во авионот не работи, по што целата комуникација е изгубена. Авионите никогаш не биле пронајдени, ниту трите авиони кои тргнале во мисијата за спасување.

Британски научник тврди дека решил една од најголемите научни мистерии?

Познато е дека компасите го покажуваат магнетниот, а не вистинскиот географски север на Земјата. Но, Бермудскиот триаголник е едно од ретките места каде што ситуацијата е обратна, што создава конфузија кај многу бродови и авиони во областа.

Една од најголемите трагедии се случила во март 1918 година, кога исчезнал товарниот брод USS Cyclops, долг 165 метри, во кој имало 306 членови на екипажот и 10.000 тони манган.

Loading...

 

 

Бродот потонал некаде помеѓу Барбадос и заливот Кишињев, а остатоците од авионот никогаш не биле пронајдени. Истата судбина ја доживеале и два сестрински брода кои минувале низ слична рута во 1941 година.

Бермудскиот триаголник не е единствен во необјаснетите исчезнувања на бродовите и авионите.

ЖИВ СВЕТ: Решена една од најголемите мистерии на планетата Земја

Loading...

Во Тихиот океан, покрај брегот на Јапонија, се наоѓа Ѓаволското море, кое уште го нарекуваат Змејов триаголник, и во кое околу 700 морнари исчезнале во текот на две години од 1950-тите.

Поради овие чудни настани, областа била прогласена за воена зона.

Leave a Reply