Зошто ударот во тестисите толку боли? (видео)

loading...

На секој маж веројатно бар еднаш му се случило да добие најнепријатен удар – во меѓуножјето, т.е. тестисите.

Ваков потег или несреќна случка предизвикува ужасни болки кај мажите, а веројатно сте се прашале зошто толку силна болка и зошто се шири и кон стомакот?

Јутјуберот Сајмон Вислер се потрудил да одговори на ова прашање.

Тестисите првин се формираат во стомакоот, близу до желудникот и бубрезите. Нервните и крвните садови се поврзани со тие региони и кога тестисите ќе се спуштат. Значи, кога мажот ќе го погоди топка или на некој друг начин ќе прими удар во меѓуножјето, болката од тестисите патува низ стомачната празнина до ’рбетот – објаснува тој и додава дека ударот во тестиси може да ги оштети репродуктивните способности на мажот.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments