ЖРК Куманово подготвен за фајнл фор полуфиналето

loading...

Полуфиналните средби од фајнл фор турнирот во ракомет ќе се одигра во недела, каде ЖРК Куманово ќе се сретне со европскиот вицепрвак Вардар. Натпреварот ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 15:30 часот.

Самите знаете дека Вардар го билда рејтингот на женскиот ракомет во Македонија, а доколку и следната сезона успее да обезбеди учество во фајнл фор ќе успее да обезбеди и учество на уште една екипа од нашиот шампионат да игра квалификации за Лига на шампиони. Вардар е апсолутен фаворит на овој антпревар меѓутоа сите ракометарки кои ќе истрчаат на тренот се надевам дека ќе го дадат максимумот и ќе одиграат квалитетно. Тоа е искуство плус за сите наши ракометарки, а и ретко која екипа од нашиот град има можност да игра пров европски вицепрвак било да се работи во екипен или индивидуален спорт – изјави Филип Додевски, член на управен одбор на ЖРК Куманово.

Играме со вицепрвак Вардар, ни претставува голема чест што имаме можност да играме со една таква екипа, знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но сите што ќе добиеме шанса ќе дадеме се од себе да се покажеме во најдобро светло и да покажеме што подобар резултат – изјави Бранкица Марковиќ, ракометарка.

Тренерот Антонио Ивановски е задоволен, но смета дека ако во купот имало поквалитетно судење можеби утре би играле и финале.

Што е тука е треба да бидеме задоволни, екипата се комплетираше, добивме неколку млади ракометарки кои го зацврстија нашиот состав, од нив очекуваме во наредната сезона уште повеќе и морам да кажам дека наредната сезона оваа екипа доколку остане во овој состав и доколку смогнеме сили да дојдеме до едно до две појачувања наредната сезона да атакуваме на титулата прваци на Македонија, што не е невозможно бидејќи сметам дека имаме квалитет да ја освоиме титулата следната сезона – изјави Ивановски.

Од управата ги повикаа сите приватни спонзори да им ја дадат поддршката на спортот, затоа што рекламирањето во спортот е ослободено од персонален данок.

Што се однесува до финансирањето од страна на Советот на град Куманово, градоначалникот и Сојузот на спортови, од таа страна сме незадоволни, бидејќи освен трошоците околу транспортот средствата што ни беа ветени не се исплатени ниту еден денар, само ни се исплатени средства кои се однесуваат до рпевозот на ракометарките – изјави Бобан Пеовски, претседател на ЖРК Куманово.

Пеовски уште еднаш упати апел до раководството на градот да им ги исплати ветените средства за да можат да ги вложат во новата сезона.


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments