23.02.2018 11:44

ЖРК Куманово најавува победа и превземање на втората позиција


Женскиот ракометен тим од Куманово во сабота на домашен терен го игра вториот натпревар од вториот дел на регуларната сезона. Противник ќе им биде екипата на ЖРК Пелистер од Битола. Кумановки, првата полусезона остварија една победа и еден пораз со битолчанки.

ЖРК Куманово е фаворит на овој натпревар и се очекува со победа да се превземе втората позиција во првенството токму од екипата на Пелистер.

– Добро ја познаваме екипата на ЖРК Пелистер. Реално ние сме фаворити на овој натпревар и тоа треба да го покажеме на терен. Мора да се игра ангажирано и да пружиме максимум од нашите можности. Потребно е да се држиме до нашата цел и игра. Очекувам интересен натпревар во кој што ние ќе издвојуваме победа и полека но сигурно да го освоиме посакуваното второ место оваа сезона“, изјави тренерот на ЖРК КУМАНОВО Зоран Јосимовски

Натпреварот се игра во сабота (24.02.2018 година) во салата на ООУ Христијан Тодоровски – Карпош со почеток од 19:00 часот.

Додека пак лидерот во пионерска категорија (ЖРК Куманово) го пречекува тимот на Ѓорче Петров во недела (25.02.2018 година) со почеток од 14:00 часот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments