ЖРК Куманово го пречекува составот на Овче Поле

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вечерва со почеток во 18:30 часот на домашен терен го пречекуваат составот на ЖРК Овче Поле од Свети Николе во рамките на домашната женска ракометна Супер лига.

Кумановки влегуваат како фаворити на натпреварот, а доколку победат новите три поени би можеле да им помогнат да пристигнат до третата позиција на табелата, со оглед дека само еден поен ги дели од неа, каде моментално се наоѓа составот на ЖРК Пелистер од Битола.

ЖРК Куманово е на четвртата позиција со 8 победи и 5 порази од досега одиграните 13 меча.

Во минатото коло на гостински терен рутински го совладаа составот на Гевгелија.

Натпреварот против ЖРК Овче Поле вечерва започнува во 18:30 во спортската сала на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо.