Жена возач удрила во пешак на ул. Ѓорче Петров

Сподели со своите пријатели

Како што соопшти СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден околу 18,00 часот, во Куманово на ул.„Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода во која Б.Т. (36) управувајќи ПМВ„Опел Корса“ со кумановски регистерски ознаки удрила во пешакот В.С. (80) од Куманово.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен и задржан на лекување во МЦ-Куманово.

Се работи на целосно расчистување на случајот.