Жена потешко повредена во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 23,20 часот во Куманово на улица „Сава Ковачевиќ“ во куќа сопственост на Ч.К. избил пожар, при што целосно е опожарено приземјето на куќата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од пожарот С.К.(60) се стекнала со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Куманово, по што поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ запонатамошно лекување.

Leave a Reply