Жена му постојано дрдорела, па одлучил да исчезне на 10 години

Сподели со своите пријатели

Кога на Малком Еплгејт (62) му здосадило дрдорењето и опсесивното однесување на својата сопруга, Британецот седнал на велоспиед и исчезнал на 10 години. Не са јавил на своето семејство, а добар дел од тоа време го минал кампувајќи по густите шуми во околината на Кингстон кај Лондон.

Инаку, градинар по професија, три недели патувал до Бирмигем, каде живеел со соругата, до Лондон каде попат му го украле велосипедот, па морал да продолжи пеш.

– 25 години работев како градинар и го обожавав тоа. Животот постојано ми беше неподнослив откако се оженив. Што повеќе работев, сопругата беше полута. Не сакаше долго да излегувам од дома и на крајот ми бараше да го скратам работното време, раскажува градинарот за британските медиуми и истакнува дека долго се обидувал да остане во брак, но работите изглегле од контрола и одлучил да замине. Додека престојувал во шумата, можел да се занимава со работата која ја сака, а тоа продолжило и сега кога се преселил во прифатилиштето за бездомници, за кое слушнал од колегите „бегалци“ со кои живеел во шумата.

– Заклучив дека тоа би ми одговарало повеќе. Многу сум благодарен за втората шанса за живот. Овде ми е убаво. Имам убава соба, може да работам и имам социјален живот. Кончено сум повторно на добрата страна, заклучува Еплгејт.

Таа сега работи и како возач и не одбива ниту една работа. Стапил во контактот со својата сестра, која била пресреќна што е жив. Се занимава и со добротворна работа, собирајќи пари за поранешните колеги, бездомници.

Loading...