13.01.2018 10:22

Здравата исхрана лекува депресија


Истражување на Универзитетот Дикин (Deakin university) открива дека неправилната исхрана ја зголемува веројатноста од развој на депресија.

Здравата исхрана пак може да ги избави луѓето од ова ментално растројство. Во истражувањето учествувале 67 лица со умерена и тешка депресија, пишува “Сајанс ворлд репорт” (Science World Report).

За потребите на истражувањето во кое учествувале доброволци, тие биле поделени во две групи. Првата била подложена на нездрава исхрана, но добивала социјална поддршка. Втората била замолена да се придржува кон модифицирана медитеранска диета со голем удел овошје, зеленчук и месо со ниска содржина на масти.

Се покажало дека нивото на депресија се намалило со над 30% од учесниците во втората група и само со 8% кај волонтерите од првата, покажуваат резултатите на австралискиот универзитет.

Американски експерти препорачуваат на луѓето да се придржуваат токму кон посочената здрава исхрана. Познато е дека жените кои користат во исхраната повеќе или помалку црвено месо отколку што се препорачува, страдаат почесто од депресии и анксиозни растројства во споредба со оние кои ја почитуваат препорачаната норма за овој вид месо. Таа е богата со цинк, железо, витамин B12. Овие супстанции го намалуваат ризикот од депресија.

Доктор Дру Ремзи (Drew Ramsey) од Универзитетот Колумбија, смета дека резултатите заслужуваат внимание. Според него луѓето кои употребуваат многу фастфуд се подложени на 60 – 80% по висок ризик од развој на депресија. Медитеранската исхрана го намалува овој ризик со истиот процент. Покрај тоа, оваа диета чува и од деменција.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments