Заврши блокадата на американската влада

Сподели со своите пријатели

Тридневната блокада на Владата на САД е завршена, откако Сенатот на американскиот Конгрес го усвои предлог законот за привремено финансирање на владата на САД.

За повторно отварање на федералните агенции гласале 81 сенатор, додека 18 биле против. За гласањето за буџетските прашања потребно е кваликувано мнозинство од 60 сенатори, наведува АП.

Владат ана САД од сабота беше во блокада откако немаше договор за буџетот кој демократите го условуваа со договор за заштита од депортација на 700.000 имигранти кои се доведени во земјата како дека и тука останале илегално.

Трамп ја прекина програмта од времето на неговиот претходник Барак Обама која даваше заштита на тие млади имигранти.