Застрашувачка снимка: Момент кога гром удира во човек (видео)

Сподели со своите пријатели

Оваа снимка е објавена од страна на новинарите на „Флорида Њуз“ и на него се гледа момент кога молња удира во 21-годишен работник на аеродромот во Форт Маерс.

Ударот се случил на 22 јули на меѓународниот аеродром „Southwest Florida“. Повредениот работник Остин Дан за некое чудо преживеал, но веќе две недели е во болница. Се здобил со изгореници од трет степен, рани и крварење во мозокот.

Во моментот на ударот Дан бил пред кокпитот, а молњата погодила во опашката на авионот и се движела низ неговиот труп. Тој се нашол на патот на наелектризирањето кое низ тркалата отишло во земја. Се гледа и блесок и во следниот момент Дан падна.

Loading...