Зариф: Обвинувањата на Израел се обичен циркус

Сподели со своите пријатели

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамад Џавад Зариф ги отфрли како „обичен циркус“ обвиненијата на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху дека Иран станал се поагресив и дека испратил дрон во израелскито воздушен простор.

Зафир тоа го рекол во своето обраќање на Минхенската безбедносна конференција, неколку часа откако Нетанјаху им се обрати држејќи во раката парче метал за кое наведе дека е дел од ирански дрон кој е срушен откако влегол во израелскиот воздушен простор претходно овој месец.

– Утринава бевте публика на обичен циркус кој дури не е вреден за одговор, истакнал шефот на иранската дипломатија.

Зариф ги осудил „скоро секојдневните незаконски влегувања на Израел во сирискиот воздушен простор“, истајнувајќи дека Израел се обидува „со овој циркус да ги обвини другите за сопствените гршки или можеби да избегне домашна криза со каква се соочува“.

Leave a Reply