Загадувањето е главниот предизвикувач на ракот на белите дробови, дојката и простатата

Сподели со своите пријатели

Најновата научна студија која ја спроведоа истражувачите од Универзитетот „Стони Брук“ во Њујорк покажала дека во 90% од случаите модерниот начин на живеење е главниот предизвикувач на канцерогените заболувања кај луѓето.

Loading...

Споерд истражувањата, лошата исхрана, недостатокот од физичка активност, стресот и загадувањето се наведуваат како главни фактори кои допринесуваат за рак на белите дробови, дојката и простатата.

Истражувачите за време на студијата ги проучувале и генетските „отисоци на прстите“ од неколку видови карциноми како би се обиделе да сфатат колкаво е влијанието на околината во неговиот развој, пренесуваат британските медиуми.

Според истражувањето чии резултати неодамна беа објавено во едно научно списание се проценува дека 90% од ракот е предизвикан поради надворешните фактори во однос на клеточните грешки во организмот.

Резултатите на двете сутдии укажуваат на тоа дека здравиот начин на живот е клучен во намалувањето на ризикот од добивањето на канцерогени заболувања.