Загаденоста на воздухот во Куманово ноќва шест пати над дозволеното

Сподели со своите пријатели

Скоро шест пати над дозволените 50 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух, е индексот на аерозагадувањето ноќва во Куманово.

Според податоците на мерната станица, поставена од Министерството за животна средина и просторно планирање, измерени околу полноќ на метар кубен воздух во Куманово има 292 микрограми ПМ10 честички.

За решавањето на овој проблем, според надлежите потребни се долгорочни мерки.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски претходно најави дека инспекциските служби ќе излезат на терен и ќе изрекуваат казни на загадувачите на воздухот.

Локалниот огранок на Левица, денеска исто така изнесе низа мерки кои ги предложи до градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со цел да се намали аерозагадувањето. Според нив, потребно е стопирање на претераната урбанизација во централното градско подрачје што Куманово го направи механички збир на мноштво неповрзани елементи кои што разорно делуваат врз еко-системот на градот и не дозволуваат слободен проток на воздух,вВодење на зелена политика per se, со првенство во изградбата на нови паркови и зелени површини, забрзување на процесот на гасификација и намалување на употребата на дрво, јаглен, мазут и струја за греење од страна на граѓаните, но и информирање и едуцирање на локалното население, со ставање особен акцент на младата популација, за предностите од еколошката ефикасност, користењето на јавниот градски превоз и штетните ефекти од загадувањето.

Левица предлага итни мерки за загадувањето до градоначалникот и Советот на Општина Куманово

Loading...

Сепак Куманово, вечерва не е најзагадената општина. Според податоците предничат скопските општини: 348 µg/m3 е загаденоста во Општина Карпош, додека рекордот е во Лисиче со 404 µg/m3.