Заев: Тоа вчера беше обид за убиство со умисла и план

Сподели со своите пријатели

Со честитка за изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, денеска започна прес конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој вчера беше физички нападнат во законодавниот дом, заедно со уште низ други пратеници од коалицијата.

Тој најави дека нема да се појави на средбата кај Иванов и праша дали сака претседателот истата да се одржи можеби во Клиничкиот центар каде се наоѓа претепаниот пратеник и лидер на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

Воедно истакна дека тоа што се случуваше е креација на Груевски, Вељановски, Иванов и Чавков, но упати и голема благодарност за рпатеникот Влатко Ѓорчев кој рамо до рамо бил со нив и ги баренл од толпата.

Одлучно стоиме зад демократијата и вистинските евроатлантски перспективи. Вчера имавме насилство врз новинари и пратениците поттикнато од Иванов, Груевски, Чавков, Вељановски. Тоа што се случи вчера е насилство, остатоци на режимот во заминување. Во периодот што следува мора да покажеме колку сме зрели како држава и да ги одбраниме вистинските демократски вредности. Ве повикувам сите вас, почитувани граѓани, да останеме мирни и присебни и сите вработени во институциите да ја сфатат својата одговорност. Направен е првиот чекор. Тешко е затоа што имаме работа со непресметливи луѓе. Но заедно сме, ние граѓаните – рече Заев.

На новинарско прашање зошто во Собранието го немало лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Заев изјави дека сценарието однапред е подготвено и дека затоа воопшто не се појавил.

 

Loading...