Заев: Никој не треба да биде малтретиран, туку да одговара според законот

Сподели со своите пријатели

Немам грижа на совест, но сметам  дека треба да се земе предвид здравствената состојба на Едмонд Телемко и да му се дадат олеснителни околности во текот на судскиот процес, рече премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница, одговорајќи на пратеничко прашање од Антонио Милошоски.

Заев истакна дека секој треба да одговара според законот, независно кој е и на која етничка или каква било друга заедница припаѓа. Никој, нагласи, не треба да биде малтретиран, суден и осуден ако за него нема докази, но ако има, треба да одговара, независно дали е Зоран Заев или кој било друг.

Став на премиерот е, за сите процеси, и Јавното обвинтилство и судството да конвергираат што е можно повеќе кон олеснителни околности и што поретко да се изрекува притвор ако за тоа има законска основа.

– Немам намера ни да помислам да се мешам во обвинителството и во судството. Лично сметам дека посегнување кон притвор треба да е во случај само кога мора, секогаш кога може, да се користат олеснителните околности. А грижа на совест не чувствувам зашто ниту зло сум помислил, ниту сум направил, подвлече Заев.

На тоа Милошоски рече дека не е задоволен од одговорот, констатирајќи дека одлуката Темелко и натаму да биде во притвор, треба да се преиспита.

– Зборувате за еднаквост и правда, а човек кој е здрватсвено болен се држи во политички притвор. Што е Темелко поопасен и поризичен од Бајруш Сејдиу или Красниќи, праша Милошоски.

На тоа Заев апелира, Милошоски да не прави паралела на етничка основа, Македонци – Албанци.

– Тоа не ни треба. Има поинаков начин за споредување. Кога излезе во медиумите дека биле пуштени од затвор, проверив, имаа право согласно закон на одреден прекин на казната по неколку години, и потоа се вратиле. Зборуваме принципиелно, така и да ги димензионираме одговорите. Ако некој затвореник, независно од неговата етничка или каква била припадност, има право да се брани на слобода, тоа треба да важи за сите и обратно, кој сака нека е. Законот мора да важи еднакво за сите, рече премиерот.

Тој воедно повика никој да не и се додворува на Владата или да се прави нејзин поддржувач. Доволно е само да работи принципелно и согласно законот.

– Апелирам на транспарентно носење на одлуките, согласно закон. Се случуваат сериозни реформи во правосудството, но првите реформи треба да бидат во нашите глави, порача Заев.

Извор: МИА

Loading...