За да не плати сметка во хотел решил да излезе од прозорец на 19. кат (видео)

Сподели со своите пријатели

Кинез кој се обидел да избега од хотелот и не ја плати сметката едвај спасил жива глава и на крајот завршил сепак во затворот.

Во намера да избегне плаќање на хотелска сметка, овој маж сакал да се извлече од хотелската соба на 19. кат и тоа низ прозорецот.

Тој се обидел да дојде до соседната зграда која со хотелот е поврзана со телефонски кабли.

Меѓутоа очигледно ги преценил своите акробатски можности едвај успеај да се извлече жив.

На снимката се гледа како маж виси на височина од 60 метри и едвај успева да се држи за кабелот. За среќа, полицијата успеала да реагира навреме.

– Мажот е спасен и минал без повреди, но приведен е, стои во сооштението од полицијата.

Не ејасно колкава била сметката па бил подготвен да си го ризикува животот.

Инаку снимката на социјалните мрежи во Кина е прегледана повеќе од 7 милиони пати.

Loading...