За 145 првачиња во ООУ „Браќа Миладиновци“ започна учебната година (фото)

Сподели со своите пријатели

Учебната година во Куманово започна навремено и без проблеми, информира  Жико Крстевски, раководител на секторот за образование во општина Куманово.  Учебната година започна за 16 250 ученици во основните и средните училишта. Според списокот од министерството за образование 1 551 првачиња требало да се запишат оваа учебна година во Куманово, но се запишале само 1200 , а во споредба од минатата година бројката на запишаните првачиња е идентична вели Крстевски.

Раководителот на секторот за образование вели дека со намалувањето на бројот на учениците се намалува и бројката на паралелките во училиштата. Бројот на запишаните ученици во прва година според конкурсот е половична.

 По списоците кои се добиени од надлежните државни органи за бројот на децата кои треба оваа година да се зпаишат во прво одделение е 1.551 дете, а бројката до денеска е 1.200 деца кои се запишале. Се очекува уште 15-тина деца посебно од ромската етничка заедница кои вообичаено до средината на овој месец се зпаишуваат, така да бројката во однос на бројката од минатата година кога се зпаишаа 1.236 деца е од прилика тука некаде – вели Жика Крстевски, раководител на Сектор за образование при Општина Куманово.

14215589_1071795429535243_1697656089_o

Loading...

 

Градоначалникот на општина Куманово, има посака добредојде на учениците во Општинското основно училиште Браќа Миладиновци , со желба за добро здравје и успех во учењето.

Влегувате во новата етапа од вашиот живот, вие и вашите родители. Едукацијата, образованието е важниот сегмент з аизградба на здрава личност во општеството. Затоа огромна задача е на општините, наставниците, а пред се на вашите родители кои треба да ве усмерат во еден нов процес на едукација, образование и ново знаење за да бидете рамноправни граѓани на оваа општество – рече Дамјановски во своето обраќање.

Марина Манојловска, директорката на Браќа Миладиновци се заблагодари на сите родители кои имаа доверба во оваа најстаро училиште да ги запишат децата. Манојловска рече дека после 15 години бројката на запишаните првачиња се искачила на 145.