Вулин: Прашањето за Косово не смее да им се препушти на „ЕУ бирократите“

Сподели со своите пријатели

Решавањето на српското национално прашање не смее да им се препушти на европските бирократи, изјавил министерот за одбрана Александар Вулин по повод препораките изнесени во Стратегијата за проширување на ЕУ, дека Србија би требало да постигне правно-обврзувачки споразум со Косово и Метохија.

Коментирајќи ги препораките изнесени во Стратегијата за проширување на ЕУ – дека Србија и Косово би требале да дојдат до правно-обврзувачки споразум, Вулин вели дека тоа е колизија во текстот на Стратегијата во два става:

– Ако треба да постинеме таков споразум со некој кој тие не го споменуваат и не го гледаат како држава, тогаш тешко дека тоа може да биде наша обврска, рекол Вулин.

Додава дека ништо што ќе се направи на просторот на Косово и Метохија нема да биде предизвикано со патот кон ЕУ и се што ќе се прави на просторот на Косово и Метохија ќе се прави затоа што Србија мисли дека тоа е добро за спрскиот народ, а не затоа што тоа треба да и се допадне на европската бирократија.

– Решавањето на српското национално прашање нема да им го препуштиме на европските бирократи, вели Вулин.

Тој додава дека е факт дека постои одреден замор во Европската унија од проширувањето.

– Факт е дека бројни реформи ни одговараат и од нашата земја ќе направат подобро место за живот. Сето тоа мораме да признаеме и ќе оди во таа насока, но кога се во прашање важни елементи за нашето национално суштество, решавањето на нашето национално прашање, за тоа сепак ние ќе одлучуваме со разбирање на притисокот, но и одбивање на притисокот, заклучил Вулин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Leave a Reply