Времето денеска сончево и многу топло, од среда и до 40 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Попладне на повеќе места ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, додека минималните температури ќе се движат од 11 до 20, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 37 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време, со мала до умерена облачност и услови за грмежи во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе изнесува 34 степени.

До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со максимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност на места со пороен дожд и грмежи, а не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни, особено утре.И во Скопската котлина можен е локален пороен дожд со грмежи.

Од среда времето ќе биде сончево и понатаму многу топло со пораст на дневната температура на воздухот, која се очекува да достигне и до 40 степени во јужниот дел на Повардарието.