Времето денес: Сончево со мала до умерена облачност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -1 до 9 а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 20 до 26 степени.

Во Куманово и околинатга денеска имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 21 степен, која во текот на ноќта ќе се спушти на 4 степени.

Следува период на сончево време со мала до умерена облачност и со студени утра. Максималната температура ќе биде без значителни промени.