Времето денес: Претежно облачно со температури до 25 степени

Сподели со своите пријатели

Денес не очекува променливо облачно време, а повеќе сончеви период може да очекува во претпладневните часови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Од пладневните часови ќе има зголемена облачност од која понекаде во планините е можна и појава на слаб краткотраен дожд. Минималните температури ќе се движат од 2 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 18 до 25 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со кратки сончеви период и максимална денвна температура од 20 степени целзиусови, а ќе дува и умерен ветер од северен правец.

Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност и со свежи, на места и студени утра, велат од УХМР. Дневната температура ќе биде без значителни промени. Од вторник облачноста сосема ќе се намали и од среда до крајот на работната недела па и во првиот ден од викендот ќе биде претежно сончево и малку потопло.