ВРАТИЌЕ СЕ РОДЕ, САМО СЕ УЧЕБНИЦИ НЕЌЕ ВРАТИТИ

loading...

Не ми дадесва да збору за фијаско наречен Цецин концерт, не ми давав да кажу дека Кевин Спејси у мои очи не е педер, не ме пуштав да га гледам ватромет до поноќи – зашто субота е радна, деца треба да станев у 7 еј ем, не можу да направу скеч за нову владу – зашто на фб сам се исцерила у маицу на шарену револуцију. Судир на интереси. Чиви?

Да пишују можу увек на социјални мреже. Лична сатисфакција. Ама, па тамо се шеруев деколтеа, лајкнуе се селфи од ресторан, од плоштад, док на говорницу нови саветници се захвалуев на „кишата над градот“. Сваќав гу како бериќет. Божем тикве топрв ќе ги беремо. Три невесте гу завршисва туј работу, још пред да се ослободи борбено Куманово.

Сакам да ги запалу сви докази од приватни чатови, ма и знаме сасве њима да га запалу, при бидејќи ќе одлегам минимално и па ќе бидну одметник од сви друштвени правила. Мое специјално јавно обвинителство е направено од троица шовинисти. Ти си професор, не професорка. Новинар, не новинарка. Човек, не жена. А, по чему ондак не сам ован, него увек овца?

Дознавам много од помлади. Сугерирав ми: не е зор да потенцираш дека Башановиќ му е кум на Вучиќа, а у нашу владу е, и плус не су у добри односи…не кажуј на састанак зашто петоодделенци напишале у тест по природу дека Вардар извира од Ѓутуре…не потсетуј дека Шербеџија беше полупијан од спонзора за вино на рецитал у Скопје.

Никако не гу спомнуј амнезију на парламентарци, нити цену на дизел.

За загаденост да не си писнала.

Од дрва е. Од депонију у Средорек е. Од много авта е. Од памет е.

Очи ми отвара една баба коју гу пратиле на родителски. У твид сукњу. Одговарајуќи сјај за уста. „Ви млади мајке им дадесте таблет и телефони на деца за да ги откачите. Ви немате појма што е тој васпитање!“.

Па, ете, викам, ќе пишују за ревизију на учебници. Ќе издржите мушки. Чим можете на деца да им покажете делење и множење со разложување без да се буните, може и да собирате. Јадови у себе. Изворот на желбите е око струјно, до бескрај гласовито, до небеса чујно. А, оно, мило, нема ни 10 године, а камоли да е достојно за овакву мерак поезију. Оставите ги деца да мастурбирав к‘т ќе им дојде време. Не инсистирајте да га дознаев пред време Бошка Буху, оставите простор сами да га откриев како меси Славко Штимац и колко е згодан Ричард Бартон у јуриш.

Осовременување на Македонската држава.

Во далечната 2017 година, кога се израдувавме дека дојде животот, еден штрк направи гнездо во искривениот, зар‘ѓан семафор на предградието. Тој, дури, престана да носи и бебиња со зацрвенети обравчиња. Се зборува дека не јаде веќе ни жаби. Веган е. Можеби сака машки штркови. Ние му дадовме за право. Впрочем, животните одеднаш добија повеќе права од луѓето, да не правиме муабет за интелектуалците. Овие, пак, нигде ги немаше. Беа среќни ако се фриленсери. Денес невладина, утре ток шоу. Животот, на терапија, вршеше побарувачка само од витамин Бе. Евентуално Алое вера гел.  Древна медицина за нови главоболки. Сода Бикарбона остана најверниот човечки пријател. Јади бурек се претвори во јади парфимирани гомна. Не можеше тогаш да се живее од обесштетувањето во вид на 7.500 денари. Едно пазарење за неделни потреби беше три иљадарки. Без омекнувач за алишта.

Крути ќе су ви аљишта. На црни ципеле и тврд кур, викав, не проваѓа мода. Ни на уштипци. Ни на добри књиге за у школу. Што се овој пласира како мода? Цигарет панталоне за мушки деца, несоодветни патике за кошарку и истражување на родниот крај? Прво ги питате дали сакав етику или религију, Француски или Германски. Убаво од вас. Фала на питање. А, после, па си ги распоредите како на вас ви одговара. Квота да се запази. Ај што ги ми уалисмо и почнасмо да ги крстимо Зара, Наја и Лада, ви ги уквотисте, земасте им га такат.

Ќе ни отидев штркчиња у топли краеви. По Скандинавску митологију, овија „краљеви на блато“од човека чинив правога човека. Не смо ми Норвежани, за жал, а ни Виетнам, и за нас штркови не су симбол на сиромашни земјоделци и марљиви мајке. Нити смо Евреи да ни бидев синоним за посветеност.

Селице смо. Треба ни само од 50 до 100 д‘на да научимо да летимо над другу бару. Не стављамо кљун у перје, преведено на кумановски – не дозволуемо тетка сас црвени, добро неговани нокти и Сваровски ѓердан да ни кажуе како чевлари сакав 10.000 денара и само Спиридона да га славив. Чак што више, ќе се наљутив ако добиев минималну плату! Што ќе ву правив? Да не ги изнежнуев топрв руке оштетени од лепак за ципеле? Да не треба у свое гнездо да донесев следовање? Да не су пукнале на одмор да отидев?

Пишите га овој у учебници. Бар да се смеев ученици. Тија што ќе останев у слободарско Куманово. Ретки птице. Без гласни жице.

Пишуе: Ивана Аткинс


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments