ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови

Сподели со своите пријатели

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од Авто Мото Сојузот на Македонија.

Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ цела територија на државата, освен во Гевгелија каде врнежите се од дожд и снег.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Патиштата во Општина Куманово се проодни, но сообраќајот се одвива во тешки зимски услови, се препорачува внимателно возење поради појави на подледен коловоз.