Во пожар во Куманово изгореа помошна просторија и дел од куќа

Сподели со своите пријатели

Помошна просторија и мал дел од куќа лоцирани на улицата „Народна револуција“ во Куманово изгореа во пожар во текот на вчерашниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Околу 15:55 часот четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово излегле на терен со едно противпожарно возило при што успеале да го ликвидираат пожарот во 17:05 часот.

Причината за избувнување на пожарот, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.