Во овие години жените најмногу уживаат во сексот

Сподели со своите пријатели

Доколку мислевте дека жените најмногу уживаат во сексот во дваесетите или триесетите години од животот, се лажете. Новото истражување на Универзитетот Питсбург наведува дека жените околу 45 година од животот уживаат во најдобриот период од сексуалниот живот.

Тоа всушност се години кога тие се најзадоволни, а наведуваат дека тогаш сексуалниот живот им е најважен.

Врежано е мислењето дека сексот на жените не им е толку важен како на мажите, посебно на оние повозрасните. Меѓутоа, тоа е далеку од вистината. Тоа го докажа и ова истражување, но и бројни други пред него, затоа што жените не престануваат да уживаат во сексот само затоа што се во средно животно доба или постари. Всушност, тоа е време кога сексуалниот ужиток може да се претвори во нешто фантастично – открива сексуалниот терапевт Лора Берман.

Лора додава дека медицината не е праведна кон жените затоа што како што за мажите постојат помагала за сексуална дисфункција, жените со години имаат проблем, а за нив не постојат достапни лекарства.

 

Loading...