Во оваа фирма добиваат бонуси ако на работа дојдат со велосипед

Сподели со своите пријатели

Компанија од Нов Зеланд им понудила на вработените кеш ако започнат на работа да доаѓаат со велосипед.

Додека се тркаа со велосипеди, медведот сакаше да им се приклучи (видео)

Loading...

Работниците кои доаѓаат и си заминуваат дома на две тркала ќе добијат пет долари дневно. Доколку бидат истрајни повеќе од шестмесеци таа сума ќе се дупкира на 10 долари, а сите пари ќе им бидат исплатени како бонус на крајот на годината, пишува Гардијан.

Велосипедист со пеење ги помери пешаците: Реакцијата на луѓето е неверојатна (видео)

– Размислував извесно време дека би било одлично некако да го промовирам возењето велосипед, затоа што сум страствен велосипедист. Парите очигледно се најголемиот двигател. Инстиктот ми велеше дека тоа ќе биде добро за работната средина. Знам по себе, се чувствувам многу поенергично кога воам, вели Тим Чезни од маркетинг агенцијата „Make colective“.

 

 

Чезни наведува дена некои вработени биле неодлучни во почетокот, затоа што фирмата нема бања каде можат да се истушираат, но понудата била премногу добра за да ја одбијат и ја прифатиле пет од шестте вработени.

1.400 евра за секој кој ќе оди на работа со велосипед

Еден од вработените, Елиот Гилмор рекол дека заздравувањето од возењето бил најтешкиот дел, но бенефитот врз неговото здравје е многу подобар отколку да биде член на некоја теретана.

 

Loading...

 

– Засега е одлично, минувам покрај паркот, гледам како луѓето ги хранат шатките, читаат книги и слично, што прилично се разликува во однос на чекањето пред семафорот, рекол тој.

Велосипедски акробации од кои ќе ви застане здивот (видео)

Гратчето во кое се наоѓа оваа компанија, Крајстчрч, има повеќе велосипеди од било кој друг град на Нов Зеланд и 13 велосипедски патеки.

Leave a Reply