Во Мексико пронајдена масовна гробница со 32 тела

Сподели со своите пријатели

Најмалку 32 тела се откриени во масовни гробници на северозападот на Мексико, соопштуваат локалните власти.

– Првата гробница пронајдена е во сабота, а во неа пронајдени биле девет тела, соопштуваат неименувани судски извори за „Франц прес“ и додаваат дека гробницата се наоѓа во рурална зона во близина на плантажа з абанани.

Уште две гробници биле откриени близу првата, а во нив биле пронајдени тела во фаза на распаѓање, додаваат изворите, наведувајќи дека вкупно биле пронајдени 32 тела и дека продолжува потрагата за евентуално нови гробници.

Гробниците се пронајдени на подрачјето Најарат кое се граничи со други две области во Мексико каде се активни два моќни нарко картели кои се борат за контрола над трговијата со дрога.

Бранот насилство, претежно поради војните помеѓу нарко картелите, го погоди Мексико во 2006. година и од тогаш страдале над 200.000 луѓе, додека илјадници се водат како исчезнати.