Во Куманово конститутивна седница на Советот за развој на Североисточен плански регион (фото)

Сподели со своите пријатели

Во Општина Куманово се одржа конститутивната седница на Советот за развој на Североисточен плански регион чии членови се градоначалниците на општините од североистокот. За претседател на Советот е избран градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

 

Loading...

 

Од Центарот за развој на североисточниот регион, информираат дека на оваа седница која е конститутивна, биле верифицирани мандатите на членовите на регионалниот совет, а Димитриевски е избран за претседател на советот за регионален развој.

– Североисточниот регион е најнеразвиен. Се надеваме дека со новите членови на советот, ќе успееме да го подигнеме степенот на развој на регионот и ќе спроведеме проекти од кои бенефит ќе имаат жителите на овој регион, изјави, Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

 

 

Североисточниот регион во Македонија ги опфаќа општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце со приближно 180.000 жители.

Извор: МИА