13.03.2018 20:20

Во Куманово доставени 17.512 ГДП, се очекуваат уште 4.500

loading...

Во даночното одделение Куманово на Управата за јавни приходи доставени се 17.512 годишни даночни пријави, соопштија денеска од Регионалната дирекција УЈП – Штип.

– Динамиката на поднесени годишни даночни пријави во УЈП даночно одделение Куманово е на исто ниво како и претходните години. Очекуваме прием на уште 4.500 годишни даночни пријави, изјави за МИА, Ирина Поцкова, раководител на одделение од Регионалната Дирекција УЈП-Штип.

Во Регионалната дирекција  Штип досега се поднесени 160 електронски годишни даночни пријави од кои за Куманово 60.

Од Регионалната дирекција апелираа до граѓаните да не го чекаат последниот ден да поднесат пријава. – Наближува крајниот рок, (15 март) за поднесување, останаа уште три дена за пријавување на приходите во УЈП. Потсетуваме дека ГДП се поднесуваат на шалтерите во УЈП, по пошта или електронски преку е-тах, нагласува Поцкова.

Граѓаните се должни да поднесат годишна даночна пријава за доходот што го оствариле во 2017 во земјата и странство по основ на: награди, бонуси и други надоместоци од работен однос, кирии (издавање имот –закуп или подзакуп), авторски права и права од индустриска сопственост, дивиденди, учество во добивка и камати по заеми дадени на физички и правни лица, капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивки од лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа во износ поголем од 5.000 денари (по поединична добивка), приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници, приходи од интернет (пр. Е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни,

Поставување на реклами на сопствени интернет страни, прогнози-дојави на типови за спортски натпревари), лични примања од странство за активности поврзани со работење во Република Македонија, работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација и други дополнителни приходи.

Обврзникот кој остварува во текот на годината приход само од плата и пензија, односно само приход од земјоделска дејност или само приход од самостојна дејност не е должен да поднесува годишна даночна пријава.

Минатата година во даночното одделение Куманово биле примени 21.959 годишни даночни пријави.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments